Францускиот претседател Емануел Макрон е позитивен на коронавирус.
Макрон е последниот во низата на светските лидери кои имале ковид 19.
Пред него корона имаа британскиот премиер Борис Џонсон и претседателот на САД Доналд Трамп.
Елисејската палата објави дека Макрон бил тестиран веднаш штом се појавиле неговите први симптоми.
Францускиот претседател сега е во самоизолација од каде ќе продолжи да ги извршува своите должности, беше објавено од неговиот кабинет.