Дваесет и две деца со потекло од земјите кои не се членки на Европската унија немаат право да престојуваат на Малта, бидејќи нивните родители не заработуваат доволно. Засега не е познато дали меѓу нив има и деца од Македонија.
Инаку, во септември првпат беше објавено а во меѓувреме а во меѓувреме родителите формираа група „Родители на Малта” и бараат од властите да ги прифати нивните апликации или да им дадат писмен доказ дека се одбиени како во септември, така и овој месец, пишува весникот „Тајмс оф Малта”.
Оваа недела многу родители добија потврда дека нивните барања за престој на децата се одбиени, бидејќи заработуваат помалку од законскиот минимум.
Семејствата кои потекнуваат од трети земји, држави кои се надвор од ЕУ, мора да заработуваат 19.000 евра годишно плус 3.800 евра за секое дете.
Оваа сума не ги вклучува бонусите или прекувремената работа. Претходно имаше исклучоци од оваа политика, а одлуката за изземање можеше да ја донесе директорот на владината агенција доколку двајцата родители биле вработени, но не ја заработиле пропишаната сума. Меѓутоа, во меѓувреме политиката е затегната и на многу семејства не им се одобрени барањата затоа што нивниот приход бил помал отколку што се бара со закон.