На Тијана Дапчевиќ и здодеа да живее во голем град и заедно со сопругот Милан одлучиле да се отселат од Белград.
„Тијана сака помирно место, почна да и пречи оваа гужва во Белград, па таа и Милан одлучија да се преселат во Сомбор каде што купија голем имот“, тврди извор за „Стар“.
„Инаку, сопругот на Тијана е од Сомбор, па се поврзани за тој град. Таму е помирен животот, а имаат план да развијат и бизнис, но полека, допрва треба куќата да се гради“ додава изворот.
„Милан со години се занимава со земјоделство, па планира да продолживо таа насока, а во Сомбор ќе ги има сите тие услови. Тијана пак сонува да има куќа и двор“ вели изворот.
Дапчевиќ е среќна и што нејзината сестра Тамара ќе може да ја посетува.
„Едвај чека се да биде готово и да се преселат, па сестра и да дојде со децата. Веќе со мажот и синот размислува како ќе им изгледа куќата, а нивниот син е пресреќен бидејќи ќе може да има кошаркарки и фудбалски терен“, заклучува изворот.