Изреволтирана од начинот на гласање по финалето на Евровизија Марија Шерифовиќ упатила остар коментар.
Единствената српска победничка на Евровизија, пејачката Марија Шерифовиќ, синоќа будно ги следела случувањата во Тел Авив. Таа со сето срце ја бодрела српската претставничка Невена Божовиќ, која на натпреварот завршила на 17-то место, но и Тамара Тодевска која ни го донесе најдобриот пласман досега – осмата позиција.
Марија на Твитер цела вечер ги коментирала случувањата од финалето, а по завршувањето на гласањето и прогласувањето на победникот кратко порачала:
„Е вака – на денешен ден свечено ви ветувам – ЕВРОСОНГ ВЕЌЕ НЕ ГЛЕДАМ!!!“
Веднаш стигнаа коментарите:
-Што ти е гајле? Ти си победи.