Меѓу многубројните теории на заговор за коронавирусот, по социјалните мрежи се шири тврдење дека за Ковид-19 е одговорна 5G технологијата, што научниците го отфрлаат тоа тврдење и велат дека е ‘глупост и бесмислица’.
Теориите на заговор тврдат дека 5G мрежата е одговорна за коронавирусот, а истите се појавија на Фејсбук кон крајот на месец јануари, кога имаше први пријавени пациенти заразени од болеста во САД.
Тие теории воглавно доаѓаат во две варијанти – една е дека 5G мрежата некако го сузбива имунолошкиот систем, со што луѓето наводно се поподложни на заразата, а другата тврди дека вирусот се пренесува со употребата на таа мрежа.
„И двете идеи се целосна глупост“ – тврди професорот по ќелиска микробиологија, Сајмон Кларк од Универзитетот Рединг, додавајќи дека брановите на 5G мрежата не се толку многу силни за да можат да влијаат на имунолошкиот систем на човекот.
Експертите ги отфрлаат овие теории за коронавирусот и 5G мрежата и велат дека се лажни, објаснувајќи дека мрежата е заснована на радио фреквенции и дека тоа не може да создаде вирус.
Кован во видеото наведува дека Вухан е првиот град кој што целосно ја покрена 5G мрежата, како и Кина, во октомври 2019-та година, два месеци пред започнување на епидемијата.
Меѓутоа, тој истакнува дека коронавирусот не се појави прво во Јужна Кореја која што е пионир во 5G мрежата, туку дека истиот се прошири и во многу други земји кои што ја немаат таа мрежа како што се Иран и Франција.
Кога станува збор за здравствените последици од мобилната мрежа, СЗО соопшти дека по многубројни истражувања, штетните последици по здравјето не се последица на безжичната технологија.
Меѓу познатите личности кои што зборуваа за оваа теорија на заговор е американскиот актер Вуди Харелсон. Тој на својот Инстаграм профил напишал дека не ја испитал таа теорија, но дека истата е многу интересна.
„Многу од моите пријатели зборуваат за негативните ефекти на 5G мрежата“ – изјавил тој.
„Теориите на заговор се опасност за јавното здравје“ – изјавил истражувачот Мајкл Хед од Универзитето Саутемтон, кој што вели дека луѓето своето незнаење сакаат да го покажат на таа тема, но дека истите не споделуваат никакви корисни совети до жителите низ целиот свет.