Една сосема обична ноќ која требало да ја помине со момчето во станот, за 24-годишна студентка од Рејкјавик, била онаа во која за малку ќе го загубила животот во облак од чад.
Солрун Валдорф од Рејкјавик на Исланд отишла да преноќи кај своето момче Рахмон Анваров во октомври 2019 година. Додека тие уживале во своето љубовно гнездо во подрумот на зградата во која како потстанар живеел нејзиниот емотивен партнер, пожарот избувнал поради навидум безопасна човечка грешка и почнал да се шири со голема брзина.Солрун и Рахмон не успеале навреме да побегнат, изгубиле свест, но, за среќа, пожарникарите ги извлекле од пожарот. За жал, таа сосериозни изгореници и во тешка состојба, пренесува „Daily Mail“.
Поради последиците завршила во кома еден месец и била префрлена на лекување во Шведска. Откако се разбудила од кома, таа минала уште еден месец на рехабилитација во оваа скандинавска земја, а покрај тоа што морала да се бори за живот, да застане на нозе поради атрофија на мускулите, да се справи со траумата и да ја прифати состојбата и самата нова, најмногу се плашела да го сретне своето момче. Таа верувала дека првата средба по страшниот пожар ќе им биде и последна.
„Пожарот се случи на 23 октомври 2019 година. Моето момче изнајми соба и јас ја поминав ноќта. Додека спиевме, газдата дојде дома и почна да готви. Поради некоја причина, маслото се запали. Немаше апарат за гаснење пожар, па го зеде тенџерето и се обиде да побегне со него. Но, веднаш пред влезната врата го испушти тенџерето и огнот се прошири екстремно брзо низ целата куќа. Бевме во подрумот па влезната врата беше нашиот единствен излез. Ја отворивме вратата од спалната соба, го видовме пожарот и испаничивме“.
– На терасата во собата имаше прозорец кој моето момче се обиде да го скрши со канцелариска фотелја. Но, имаше толку многу чад и бевме многу слаби. Мислам дека многу брзо се онесвестивме. Како што ми кажаа, пожарникарите пристигнале пет минути подоцна и успеале да го скршат прозорецот. Го најдоа мојот дечко на подот и успеаја да го извлечат. Но, бидејќи јас не живеев таму, тие не знаеја дека ќе има друга личност во собата. Кога пожарот беше ставен под контрола, случајно ме најдоа во креветот на моето момче и успеаја да ме извлечат – дообјаснила таа.
Таа се разбудила еден месец подоцна во Шведска. Имала болки во грлото, многу дезориентирана и земала секакви седативи. После еден месец во кома, нејзините мускули го изгубиле тонусот. После тоа следеле операции и учела да оди. Сè на сè, таа била во Шведска два месеци – едната во кома, а другата на рехабилитација..Морала да и направи трансплантација на кожа, но и операција чија цел била да се исчисти слузта од нејзините бели дробови.
Рахмон имал изгореници на рацете, градите и грбот и бил на домашно лекување во Исланд. Солрун го немала видено два месеци.
– Поминав многу време грижејќи се дека ова ќе биде премногу. Не само што не изгледав како порано, туку имав и ограничени можности и ми требаше помош за се. Бев загрижен дека не сака повеќе да биде со мене. Кога се вратив на Исланд, тој беше прекрасен и разбирлив. Тој целосно докажа дека моите грижи се погрешни. Разбирам дека тоа е мојот ирационален страв и тој никогаш не покажа, ниту направи нешто за да ме натера да верувам дека ќе замине – искрен беше Солрун.