Во трката за претседател на Македонија влегува нов кандидат. На Централниот одбор на Сојузот на Ромите била донесена одлука за претседател да го кандидира својот претседател Амди Бајрам .
„На седница на централниот одбор на Сојузот на ромите беше одлучено за единствен кандидат за претседател на Македонија да го кандидира лидерот Амди Бајрам“, стои во објавата на Аднан Мемеди, член на Централниот одбор на Сојузот на Роми, на Фејсбук.
-Се кандидирам за да победам, а дали ќе победам ќе каже народот. Јас само можам да кажам дека Кока Колата ја пијат сите граѓани – изјавил Бајрам за ,,Фокус” .