Oвие денови се снима спотот за химната на Македонија посветена на настапот на Европското првенство.
Спотот ќе биде снимен во панорамски автобус кој некако стана симбол на спортските успеси, во него се возеа кошаркарите, ракометарите на Вардар, а сега ќе се употреби и за успехот на фудбалерите.
Дел од спотот е и најдобриот автомобилист на Македонија, Игор Стефановски – Иџе кој на својот Фејсбук објави и фотографии од снимањето.
Инаку, химната е дело на Петар Младеновски, познат како Пеце од култниот македонски бенд Суперхикс.