Француската глумица Катрин Денев (76) во тешка состојба ноќеска е пренесена во една париска болница.
Како што пишуваат француските медиуми, односно весникот “Паризиен“, таа била примена во “сериозна здравствена состојба“.
Катрин Денев во шеесетите години беше симбол на убавината и на женственоста. Таа последен пат во јавноста се појави во средината на октомври, на премиерата на филмот “Ирец во Париз“.
Инаку, Катрин Денев во 2012 години беше ексклузивна гостинка на 33 -от Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. во Битола.