Српската пејачка Катерина Грујиќ се онесвестила непосредно пред да го снима своето ново видео, пишува српски “Ало”. Таа држелa диета, јадела само пилешко и пиела само вода, па се соочила со здравствени проблеми.
„Една недела пиев само вода и зелен чај и јадев само варено пилешко, без сол и без вкус. Имам 64 килограми. Важно е жените да знаат колку сум тешка, затоа што често мислат дека имам 50 килограми. Не ја кријам мојата тежина, бидејќи јас не мислам дека анорексијата треба да се пропагира. Сепак, треба да се води сметка. Сите ние се стремиме кон совршенство, иако тоа не постои, па трчајќи по идеалната тежина и изглед ни се случуваат и вакви работи“ – рекла пејачката која мора да ги оперира и крајниците.
„Работев пет дена по ред и се почувствував како да сум настината. Всушност, немав поим дека проблемот навистина е толку сериозен“ – изјавила Катерина.