Фабио Ломбини (22) и Џоеле Росети (23) полетале со мал спортски авион, но се срушиле само 30 секунди подоцна, велат извештаите на полицијата. Според неофицијални информации авионот пред падот се запалил.
Ломбини пред несреќата на „Инстаграм“ споделил неколку објави на кои се гледа дека со Росети кој имал дозвола и пилотирал, се во авионот.