ИТАЛИЈАНСКИ РОДИТЕЛИ ОД ПЕКОЛОТ: Ја претепале ќеркичката, стара 45 дена и ја оставиле да умре

by Тони Зографски

Таткото и мајката на 45 дена старото бебе кое починало во Италија вчера се уапсени и се во притвор откако истрагата открила постојано злоставување на девојчето.

Таткото Емануел Савино (26) наводно толку силно ја удрил малата Аурора по главата што ѝ ги скршил коските. После тоа, нејзините родители не ја однеле во болница, туку ја оставиле да умре од кардиореспираторна инсуфициенција.

Тој и мајката на Аурора, Ана Гамела (19) се обвинети за убиство на нивната ќерка во нивната куќа во Санта Марија а Вико, во областа Казерта.

Родителите тврделе дека нивната ќерка починала во сон, но истрагата открила друга реалност.

Девојчето починало на 2 септември минатата година. Рекле дека на девојчето ѝ се слошило по капење. Но, на нејзиното тело биле констатирани изгореници, набиеници и расекотини, што укажувало дека се работи за насилство.

Откако ја претепале, ја оставиле сама да умре – ја однеле во болница кога било предоцна.

Истрагата открила континуирано малтретирање на девојчето и дека малата Аурора во кратките 45 дена од нејзиниот живот никогаш не била видена од педијатар, објавија италијанските медиуми.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com