Свештеникот Матија Бернаскони пред неколку дена служел богослужба пред група средношколци на југот на Италија, на несекојдневен начин.
Наместо во црква кај олтарот, тој одржал миса во море, а како олтар користел душек на надувување.
Иако подоцна се извинил за тоа, обвинителството почнало да го истражува случајот за „навреда на верската заедница“, пишува The Guardian.
Бернаскони изјавил дека планирал да ја одржи неделната церемонија меѓу дрвјата покрај плажата во Кротоне, но друга група го зазела местото.
Бидејќи немало друга достапна сенка од силната топлина, едно семејство во близина му понудило да го користи душекот, што тој го прифатил.
„Апсолутно не ми беше намерата да ја банализирам Евхаристијата“, рече тој. „Но, симболите се, всушност, силни и понекогаш зборуваат поинаку отколку што би сакале. Беше глупаво од мене што не им придадов значење“, заклучил тој.