Подоцните и подолги лета и поблагите зими во Италија ги натераа двата најголеми трговци со облека да побараат сезоната на попусти да се одложи за неколку недели.
Трговците со облека често ги намалуваат цените на непродадената облека за да ги испразнат полиците за претстојната сезона. За почетокот на сезонските попусти во Италија одлучуваат регионалните власти по консултација со малопродажните здруженија.
Трговците обично почнуваат со попуст на летната облека на почетокот на јули, а на зимската облека на почетокот на јануари.
OVS и Pianoforte Holding вчера објавија дека овогодинешната летна продажба треба да се одложи за неколку недели, бидејќи клиентите го одложуваат купувањето на летна облека поради обилните дождови.
„Сезоните се сменија и мораме да го приспособиме календарот на продажба со новите климатски обрасци“, рече извршниот директор на Pianoforte Holding, Џанлуиџи Чимино.
Тој побара летната распродажба да се одложи до средината на јули.