Од средата наутро ѝ се губи секаква трага на 39-годишната Катарина Раутек Омазиќ, поранешна пејачка на популарниот бенд „Електро тим“ (Е.Т.), а оттогаш полицијата и нејзиното семејство интензивно трагаат по неа.
Според јавно достапните податоци, Раутек Омазиќ самоволно ја напуштила загрепската болница Свети Дух и оттогаш никој не знае каде се наоѓа.
Дали семејните проблеми кои долго време го исполнуваа медиумскиот простор или нешто друго се поттик за нејзино исчезнување во непознатото, може само да се претпоставува.
– Во случај да имате информации за ова лице, ве молиме известете ја најблиската полициска станица или јавете се на 192. Информациите можете да ги доставите и преку е-маил адресата: nestali@nestali.hr – велат од Јавното обвинителство на Загреб, на кое исчезнувањето на Раутек Омазиќ бил пријавен.