На пат за Мариово се членови на спасителната служба заедно со група на прилепски ловџии, стои во објавата на Фејсбук.
Попладнево околу 16 часот во атарот на селото Врпско, во прилепско Мариово е изгубен 10-годишниот Петар Џобески од Прилеп. Неговото семејство апелира за помош секој кој може вечерва да појде во Мариово и доколку го познава теренот да помогне во потрагата која што е во тек.
Спасе Чакрески, жител на село Витолиште за „Инфо Компас“ истакнува дека станува збор за екстремно опасен терен и потенцираше дека ситуацијата дополнително ја усложнува тоа што детето е со посебни потреби.
„Малиот Петар е загубен околу 16 часот, кога од дворот се упатил во непознат правец. Тие се жители на Прилеп, но во Врпско чуваат пчели. Ние неколку часа сме на терен заедно со полицијата и семејството, но засега нема никакви траги од детето. Упатувам апел секој кој го познава теренот да дојде и да помогне во потрагата. Оваа вечер можеби е пресудна за детето, бидејќи надвор е екстремно ладно, а детето заминало само по една блуза. Тука во близина е и реката Црна“, вели Чакрески.