Приватниот автопревозник Милан Филиповиќ ( 52) од Прокупље го снемало пред Нова година, а вчера го нашле исечен на делови во еден канал во близината на Смедерово, потврди полицијата.
Неговиот траг се изгубил на 22 декември, ланската години и според ДНК анализата деловите од телото пронајдено во каналот му припаѓале токму на Милан.
Според сомнежите на полицијата, тој додека се движел по патот, го сретнале и убиле.
“ Најверојатно две лица го извршиле ова грозно убиство. Претходно тие со Милан се запознале преку Фејсбук. Едното лице Милан требало да го ангажира да пее во својата кафеана во Швајцарија. За неколку дена се ќе биде познато“ изјавил извор близок до истрагата.