Едно истражување предвидува дека во сезоната на грип 2021/2022 година би можело да има од 100.000 до 400.000 повеќе хоспитализации во однос на типичната сезона.
Активноста на грипот практично не постоеше во текот на пандемијата на коронавирусот, но тоа наскоро би можело да се смени. Две нови студии предвидуваат дека грипот ќе се врати оваа есен и зима.
Податоците објавени оваа седмица, а кои сè уште не се рецензирани нагласуваат дека важноста на вакцинацијата против грипот оваа година е голема, а и двете студии покажале дека лошата сезона на грипот може да се избегне доколку стапката на вакцинација се зголеми за 20 до 50 отсто во однос на типичните години.
„Вакцинацијата на што повеќе луѓе против грип е клучна за избегнување на тоа сценарио“, изјавил д-р Марк Робертс, директор на лабораторијата за динамика на јавното здравје во Питсбург и еден од авторите на студијата.
Минатата година имаше историски ниско ниво на активен грип, веројатно како последица на мерките за спречување на Ковид-19, како што се социјална дистанца, затворање на училиштата, носење на заштитни маски и намалувањето на патувањата.
Во текот на сезоната на грип 2020/2021 година, вкупната стапка на хоспитализација на грипот во САД била само околу 4 отсто на 100.000 луѓе во споредба со вообичаената стапка од 70 отсто хоспитализација на 100.000 луѓе. Смртта како последица на грипот опаднала за 95 отсто, изјавиле истражувачите.
Тоа значи дека американските жители „пропуштиле можност да го зајакнат имунитетот на грип за идната сезона“, што предизвикува загриженост дека грипот би можел да се врати кога ќе се укинат епидемиолошките мерки против коронавирусот.
Во една од новите студии кои ја воделе истражувачи истите користеле математички модел наречен Подложни-Изложени-Закрепнати. Тие сумирале епидемии на грипот и ниво на имунитет кај жителите на грип во текот на повеќе сезони користејќи податоци од 2009 до 2020 година.
Тие предвиделе дека со ниска активност на грипот која е забележана во сезоната 2020/2021 година, хоспитализацијата како последица на грип ќе порасне на 610.000 во 2021/2022 година, што е 102.000 повеќе хоспитализирани.
Меѓутоа, студијата открила и дека предвидената зголемена хоспитализација како последица на грипот може да се избегне доколку процентот на вакцинирани Американци против грипот се зголеми во однос на изминатите години.
Другата студија која ја водела Мери Крауланд со помош на математичко моделирање, користела различен модел наречен Рамка за реконструкција на епидемиолошката динамика, за стимулација на случаите на грип и хоспитализација во текот на двете последователни сезони и истата пронашла слични резултати.
Резултатите покажуваат дека сезоната на грип 2021/2022 би можела да забележи пораст на случаите во споредба со типичната сезона. Малите деца (помлади од 2 години) би биле поизложени на поголем ризик во сезоната 2021/2022.
Comments are closed.