Како што ситуацијата со Ковид-19 се развива, односно вирусот еволуира, се менуваат и симптомите кои оваа болест ги предизвикува кај луѓето.
Губењето на мирис, на пример, некогаш беше еден од значајните показатели за зараза на коронавирусот, но сега тој е дури деветтиот најчест симптом кај оние кои ја имаат инфекцијата, а не се вакцинирани.
Постојат разлики во тоа како болеста се манифестира кај оние кои примиле една или пак две дози од вакцината, покажало британското истражување „ZOE COVID-19“.
Иако постојат сличности во симптомите меѓу оние кои се вакцинирани и оние кои не се, сепак постојат и некои разлики.
Симптоми кај луѓето кои не се вакцинирани
Според студијата, ова моментално се најчестите симптоми при зараза од Ковид-19 кај оние кои не се вакцинирани.
– главоболка
– болки во грлото
– течење на носот
– температура
– постојана кашлица
Значи, губењето на мирисот повеќе не се наоѓа меѓу првите пет најчести симптоми.
Симптоми кај оние кои примиле една доза од вакцината:
– главоболка
– течење на носот
– болка во грлото
– кивање
– постојана кашлица
Симптоми кај оние кои примиле две дози од вакцината:
– главоболка
– течење од носот
– кивање
– губење на сетилото за мирис
Треба да се спомене дека симптомите кај оние кои ги примиле и двете дози од вакцината пократко траеле, односно имале помалку сериозни симптоми на болеста.
„Постојат неколку причини поради кои симптомите можат да се менуваат“, навеле научниците кои работеле на истражувањето.
„Голем број од случаите на зараза се кај младите луѓе за кои знаеме дека имаат послаби симптоми. Исто така, кај оние кои се вакцинирани има помалку тешки симптоми на болеста“, додале научниците.
Comments are closed.