Еден од најстарите и најчесто употребуваните лекови во светот, аспиринот спречува инфекции со ковид-19, покажуваат резултатите од истражувањето на израелски научници.
Како што објави „Тајмс оф Израел“ истражувачите додека ги проучувале резултатите од ПРЦ тестови во Израел, утврдиле дека пациентите кои земале ниски дози на аспирин имале 29 отсто помалку шанси да имаат позитивен тест.
Во студијата анализирани се 10.477 резултати.
Милана Френкел-Моргенстерн од Универзитетот во Бар-Илан коментира дека резултатите од студијата покажуваат дека аспиринот навистина може да помогне во борбата против ковид-19.
Таа додаде и дека истражувањето покажало дека заболените од ковид-19, кои го земале лекот развиен пред повеќе од 120 години, имаат поголема веројатност да боледуваат пократко за околу 2 дена и се со помала веројатност да имаат последици од коронавирусот.
Во студијата за аспирин, фокусот бил на луѓето кои земале „бебешки“ дози од 75 милиграми за да спречат кардиоваскуларни болести, но немале такви болести.
Резултатите од студијата се објавени во списанието „ФЕБС“..
Френкел-Моргенстерн истакна дека механизмот што го намалува ризикот од инфекција не е познат, но таа верува дека побрзото закрепнување од болеста се должи на антиинфламаторните својства на аспиринот.