Милиијардерот и педофил Џефри Епстајн не се обесил во ќелијата во затворот во Менхете туку најверојатно убиен, тврди докторот Мајкл Бејден кој бил еден од патолозите кои го прегледале телото на Епстајн.
.Во емисијата на „Доктор Оз“ тој покажа и неколку фотографии од обдукцијата на милјардерот, чија смрт покрена лавина теории на завера бидејќи Епстајн бил блиозк со многу влијателни луѓе, меѓу кои и претседателот на САД, Доналд Трамп, Бил Клинтон и принцот Ендру.
„Многу необично е прво да не биде утврдена приччината за смрт, а потоа да биде заведено како бесење.Испуканите капилари во очите укажуваат на давење, а не на бесење.Ако се работи за бесење, нозете помодруваат, бидејќи крвта се слева во екстремитетите“ рекол тој.
Телото на Џефри Епстајн било пронајдено во ќелија на 10 август и по официјалното соопштение тој се обесил на кревет на спрат користејќи чаршав.