Педијатриското одделение во клиничкиот центар Ребро во Загреб оствари историски успех. 14 најугледни доктори од оваа клиника изведоа комплицирана и тешка операција на раздвојување на сијамски близначки која траела 15 часа. Двете близначки беа споени во долниот дел од телото и имаа заедничка слезина и заеднички црева. Ваков вид споеност е ретка во светот, бидејќи тие имаа заеднички витални органи.
Сега близначките Валентина и Кристина од Загреб, наполнија 4 месеци и се бебиња со вообичаени потреби и барања за нивна возраст. Педијатриското одделение во клиничкиот центар Ребро во Загреб сѐ уште се грижи за нив, откако поминаа тежок период на операции, раздвојување и рехабилитација.
Како што пишуваат хрватските медиуми, сега двете сестрички се само близначки, секоја спие во свое креветче и засега се развиваат добро, со оглед на тоа што тие, покрај тоа што беа споени во долниот дел од телото, беа и предвреме родени. Но, упорните родители Марија и Петар, не се откажуваа од нив, и деноноќно бдееја над нивното креветче, сѐ до тешката и сложена операција.
Но, сега,