Македонската тениска надеж Калин Ивановски се пласираше во четвртфиналето на јуниорскиот турнир на Вимблдон.
Ивановски попладнево во осминафиналето на Вимбдон со 2-1, по сетови 6-4, 5-7 и 6-0 го победи осмиот носител, Литванецот, Едас Бутвилас.
Младиот Калин по одлично одиграниот прв сет пласманот во четврфиналето можеше да го обезбеди експресно по само два одиграни сета, но во вториот сет по водството од 4-2 во гемови ја загуби концентрацијата и му дозволи на противникот да го добие сетото и да израмни на 1-1.
Кризата во играта на калин траеше само до крајот на вториот сет, во решавачкиот трет сет на тревата во Вимблдон царуваше македонскиот млад тенисер, Ивановски екпсресно без загубен гем со 6-0 го доби сетот за историски пласман меѓу осумте најдобри тенисер на јуниорскиот Вимблдон.
Противник на нашиот Калин Иавновски во четвртфиналето ќе биде подобриот од мечот меѓу Артнак од Словенија и Шпанецот, Роденас.