Фудбалската федерација на Македонија му приреди изненадување на коментаторот Тони Стојановски кој го коментираше историскиот натпревар што ни го донесе пласманот на Европското првенство.
Во придружба на претседателот на ФФМ, Стојановски откри плакат во просториите на ФФМ на кој се испишани неговите зборови од изјавата дадена по завршувањето на натпреварот со Грузија.
Претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини во друштво со Стојановски од името на федерацијата му порача:
“Победа за радост на душата! Оваа Македонија ќе живее. Ќе живее уште.”
Честа е наша, Тони Стојановски!
Ви пожелуваме среќна и здрава Нова година.