Поранешните сопружници Бред Пит и Џенифер Анистон се фотографирани заедно за време на доделувањето на награди на американското здружение на филмски актери SAG (Screen Actors Guild) за животно достигнување, а поради нивните погледи и прегратки, повторно почнаа да се шират шпекулации дека меѓу нив и натаму постојат емоции.
Камерите фатиле моменти кога тие меѓусебно си честитале за освоените награди, а потоа и како Анистон од срце се смеела на неговите шеги. Бред Пит шегувајќи се на сметка на тоа што е сингл, исто како и Џенифер, рекол дека на својот Тиндер профил ќе објави слика со освоената награда. Сепак, кога ја здогледал Џенифер во елегантен бел фустан, морал да и даде коментар.
Нешто подоцна, Бред Пит и Џенифер Анистон биле снимени додека си честитале еден на друг за наградите, нежно се допирале и се бакнале, а Бред во еден момент ја фатил за рака кога таа се свртела кон него, покажувајќи им на тој начин на сите дека не сака таа да си оди од него.
-Ова беше историски момент- наведуваат светските медиуми.
– За потсетување, Џенифер и Бред Пит се разведени од 2005 година, по љубовната афера на актерот со Анџелина Џоли, која потоа стана негова втора сопруга.
https://www.instagram.com/p/B7hl5giHNgb/?utm_source=ig_web_button_share_sheet