Британската полиција уапси 33 лица обвинети за злоставување на деца, објавија денеска полициски официјални лица во северна Англија.
Како што пренесува агенцијата „Ројтерс“, мажите биле уапсени откако една жена пријавила дека како дете била сексуално злоупотребена во периодот од 2002 до 2005 година во Халифакс, град во Западен Јоркшир, соопшти локалната полиција.
Полицијата информира дека сите приведени мажи биле сослушани, по што биле пуштени на слобода под полициска присмотра.
„Заштитата и безбедноста на децата се приоритет… Оваа операција е дел од полициската акција во Западен Јоркшир, во која да се истражуваат сегашни и минати деликти поврзани со деца“, изјавила инспекторката, Лаура Нилд.
Кон средината на јануари британската полиција во рамки на истата истрага приведе 55 мажи, кои беа сослушани и потоа ослободени.