Убавата Карис Зита Даглас која веќе е полнолетна млада дама се повеќе го привлекува вниманието на светската јавност, а нејзиното презимето веднаш открива дека таа е ќерка на актерската двојка Кетрин Зита Џонс и Мајкл Даглас.
Оваа девојка со својата убавина и стил маѓепса многумина, а честопати може да се слушнат коментари дека секој ден се повеќе личи на нејзината мајка Кетрин.
Таа неодамна заврши средно училиште, и според многумина, многу личи на нејзината мајка, па не е изненадувачки што работеле заедно на модни кампањи за луксузната куќа Фенди и биле на насловните страници на реномирани списанија.
Карис е активна и на социјалните мрежи, па покрај фотографии од снимања за модни куќи, таа често објавува семејни слики, како и заеднички фотографии со родителите и пријателите.
Comments are closed.