Фризурата на руската политичарка Валентина Петренко е во центарот на вниманието по социјалните мрежи, а многумина се согласни дека најмногу ги потсетува на Марџ Симпсон од „Симпсонови“.
Дискусијата за најмоќната фризура во Русија се пренела и во медиумите, па многумина ги интересирало како Валентина успева да го одржува овој стајлинг.
Кога пред четири години во едно интервју ја прашале за фризурата, таа рекла:
„Уморна сум од тоа да одговарам на ова прашање. Косата ми е кадрава и ја подигнувам со шноли, тоа е се’“.
Ги демантирала гласините дека носи перика и вели дека нејзината коса е природно кадрава и нескротлива, па со самото тоа и нема премногу избор кога станува збор за фризурата.
Вели дека самата ја обликува својата коса, а не сакала да открива колку време и’ треба за тоа. Истата фризура ја носи со децении и не сака да се откаже од неа.
Поради нејзиниот несекојдневен изглед, многумина ја ставаат нејзината кариера во втор план, која е повеќе од импресивна. 67-годишната Валентина била во рускиот одбор за социјална политика.
Родена е во Казахстан, течно зборува руски, полски, англиски и шпански. Дипломирала на Ростовскиот педагошки државен институт, а завршила и докторски студии.
Валентина своевремено помогнала во преговорите за ослободување на децата кои биле држени како заложници, поради што во 1993 година била одликувана со Орден за храброст.