Латино дивата Џенифер Лопез која е позната по своето совршено тело морала да се стави на строга диета поради најновиот филм “Hustlers”. каде игра стриптизета. Пејачката зедно со својот вереник Алекс Родригез била на ригорозна диета, односно, десет дена била без шеќер и јаглени хидрати. Ова екстремна диета и ја предложил нејзиниот тренер.
“ Се подготвувам за новата улога. Многу вежбам, а тренерот ми препиша екстремно строга диета. Кога ми рече дека во потполност ќе ги елиминирам лебот и колачите бев шокирана – изјавила Џенифер и додала:
– Нон стоп мислев само на леб, но на крајот издржав. Кога ќе се вратите повторно на шеќер не го саката кака претходно. Сега се чувствувам многу лесно.