Полицијата привела лице кое на Фејсбук ѝ се заканувало на гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, објави „А1он„.
Претхдодно, Бежоска примила заканувачки пораки на социјални мрежи од непознато лице и случајот го пријавила во полиција. Пораките биле поврзани со пропаѓањето на Еуростандард банка.
„На 17.08.2020 А.А.Б. од Скопје пријавила дека околу 18.50 часот, во електронското сандаче од нејзиниот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ примила порака со заканувачка содржина од „Фејсбук“ профил на лице кое не го познава лично и не е во нејзината група на пријатели“, стои во полициски билтен.
Инаку, Бежоска пред неколку дена соопшти дека Народната банка ја одзема дозволата за работа на Еуростандард банка АД Скопје поради неисполнување минимални законски услови за работење.