Холивудската актерка Мини Драјвер неодамна во отворена исповед открила дека речиси 20 години верувала дека е неплодна и дека никогаш нема да стане мајка.
Актерката која во 2008 година кога имала 37 години го родила синот Хенри, во поткастот „The Healthy Babu Show“ проговорила за својата неочекувана бременост. Таа признала дека била целосно изненадена со спознанието дека е бремена, и тоа недолго по раскинувањето со тогашното момче Тимоти Ли.
Мини првите симптоми на бременоста ги препишала на грип.
„Ми кажаа дека не можам да имам деца кога имав 18 години. Тој грозен доктор влезе во ординацијата и буквално ја спореди мојата матка со затнат одвод во тоалет. „Ништо тука не поминува. Нема да имате деца“, ми рече, така што му поверував и верував во тоа цел живот“, раскажала славната 52-годишна актерка.
Таа се присетила и како доктoрот ја нарекол неплодна, што смета дека е апсурден начин да се опише жена која физички не е способна да добие дете.
„Колку е смешно да кажете дека сте празни, како да се биде јалов да значи дека сте мртов. Неплоден предел, таму каде што нема плодност. Тоа е апсурдно“, додала таа.
Но, две децении подоцна Мини се соочила со нешто друго – таа забременила.
„Кога имав 37 години, се разбудив на 1 јануари со грип и бев ужасно лута. Си кажував себеси: Имаш грип. Неодамна раскина со некој којшто беше фин, но не беше прв. Немаш деца, немаш работа. Не знаеш што ќе правиш со себе. А, потоа дознав дека сум бремена. Мојата сестра ми кажа дека мисли дека сум бремена. Ѝ одговорив: Не биди смешна. Јас не можам да имам деца“, објаснила актерката.
„Сепак се докажа дека сум бремена и потоа кажав: Ова е чудо. Тоа беше чудо… Отсекогаш сакав авантури, а тоа беше прекрасна авантура во доцна фаза“, заклучила актерката.
Инаку, Мини моментално е верена со писателот и режисер Адисон О’Деас.