Поранешниот НБА кошаркар Ламар Одом откри интересни детали од својот живот во својата автобиографија „Од мрак до светлина“. Поранешниот кошаркар на Клиперс, Мајами Хит и Лејкерс го прикажува својот начин на живот, љубовници, жени за една вечер, проститутки, стриптизерки, алкохол, наркотици и секс.
„Јас лудувам по секс. Кога немав натпревар и кога не бев со девојки, постојано гледав порно филмови. Досега сум спиел со 2000 жени“, признава 31-годишниот Одом.
Во 2009 година тој се ожени со полуларната Клои Кардашијан, но четири години подоцна двајцата се разделија.
Во 2015 година Одом за малку ќе умреше поради поголема доза на кокаин во еротски клуб во Невада. Лекарите тогаш го спасија.
„Сексот ме донесе и до дрогата. Така го зголемував задоволството“, дополнува поранешниот кошаркар кој се уште се бори со зависностите.