Невенчаната сопруга на пејачот Љубиша Стојановиќ Луис, Силвана по неговата смрт морала сама да се снаоѓа со своите мали деца. За Силвана вистинските маки започнале после една година од смртта на Луис.
„Јас се ежам кога треба да се сетам на тоа време. Претходно, ние живеевме еден нормален живот, немавме никакви скандали. Јас него го прифатив таков каков што е. Тоа се некои глупи работи“ вели и додава:
„ По неговата смрт, дури после три години го тргнав неговиот пешкир, четка за заби бидејќи мојата пријателка ми кажа дека тоа поминува во патологија. Јас не бев подговена за тоа. Мислев дека кога ќе го тргнам неговиот пешкир тој нема да се врати. Мене тоа ми беше некој вид на поддршка. Кога требаше некаде да одам, јас ќе го ставев неговиот парфем, да знам дека е тука. Мене до тој момент ми беше сламка за која се држев“ вели сопругата на пејачот.
Меѓутоа, во 2013 година наидува на финасиски проблем.
„Тоа беше во октомври 2013 година кога останав без никакви примања, немав ништо. Имав три деца, долгови, кредит, автобмоил на лизинг. Тоа беше еден период кога се освестив, за тоа ми требаше многу време и сфатив дека сум социјален случај.Пари ми праќаа моите родители, кумата, ако сретнам некој познат итој ми даваше пари за децата. Знаеш ли колку е тешко? – вели Силвана која ја надминала финсиската криза.
“Сега можам да кажам дека преживеав, дека сум во плус. Од државата барав детески додаток и ми доделија детски додаток од 9 900 динари, а јас не знаев дали со тие пари можам да живеам три дена. Плаќав само она што требаше, банката ме бараше, можев да завршам во затвор. Јас така живеав до 2015 година. Тогаш градот даде субвенции за градински, тогаш се случи пресврт кај мене. Сега сум некој кој има приватна градинка, некој кој има над 100 запишани деца во градинка, потполно сум задоволна со тоа што го работам. Цел живот сакав да се занимав со деца бидејќи тие имаат преубава енерги“ вели сопругата на Луис.
фото: Д. Дервишагиќ