Саша и неговиот брат Дејан Матиќ со години владеат со српската естрада и со своите моќни вокали и хитови имаат милионска публика. Тие се родени на 26 април 1978 година во Дрвар како здрави, но прерано родени момчиња. Двајцата како недоносени близнаци биле во инкубатор во породилиштето во Загреб, и наводно поради невнимание на медицинската сестра останале слепи, иако како бебиња се родени со нормален вид. Но тој недостаток судбината им го надомести со извонреден музички талент, благодарение на кој веќе неколку години се едни од најпопуларните пејачи во Србија и во регионот.
-Тоа било грешка, ама не знам кој ја направил. Дали докторите, дали некоа медицинска сестра, не навлегувам во тоа. А дека била грешка, во тоа сум сигурен – изјавил Дејан за телеграф.рс.
На прашањето дали е вистина дека можел да му се врати видот, но поради Дејан не отишол на операција, Саша вели дека тоа е лага.
-Ма не, тоа е приказна без врска. Тие сакаа да ни прават некакви експерименти. Родителите тоа не го дозволија, а ни ние не се сложивме за такво нешто – вели Саша кој напомнал дека ова е последен пат да зборува за тоа.
– Две најлоши теми за кој не сакам да зборувам се, дали се карам со брат ми и што се случило со мојот вид. Моите пријатели знаа да животот кој го живеам го сакам најмногу на свет и не би го менувал. Дали сум се лекувал, и кај кого, тоа е моја приватна работа. Живеам нормално и не би го дал овој живот за ништо на светот.