На многу луѓе им е тешко да го замислат кралот Чарлс Трети како танцува, особено кога станува збор за брејкденс.
Така, сите оние кои ја гледаат серијата „Круната“ останаа изненадени по една епизода во која беше откриен необичен детал од животот на британскиот крал.
Во споменатата сцена двајца мажи играат брејкденс на хип-хоп песната „Don’t Sweat the Technique“, а околу нив се собираат луѓе, меѓу кои и тогашниот принц Чарлс, кој го глуми Доминик Вест.
Чарлс потоа оди на подиумот и, на изненадување на сите присутни, покажува завидна вештина во брејкденс.
Настанот според кој ова беше снимено се случил во 1985 година кога Чарлс учествуваше на собирот „Youth Meets Industry“ каде младите му ги покажаа своите танцувачки вештини на принцот. Тие го поканија Чарлс да им се придружи на подиумот, што тој го направи.
Иако на почетокот изгледаше дека му е непријатно, Чарлс брзо се опушти пред публиката.