Музичката ѕвезда со албанско потекло родена во Косово, Рита Ора која на доделувањето на наградените на една манифестација се појави без долна облека предизвика колапс на Инстаграм со новите провокативни фотографии.
Пејачката која ги збесна Србите кога еднаш побара компанијата „Епл“ да го вклучи Косово на мапата како независна држава, позираше сега во када полна со розова вода, гола како штотуку родена.
Рита ги прекрстила рацете и нозете за да ги скрие интимните делови и напишала: „Розова бања, вино, пчели и други работи“.
На една од фотографиите таа го свртела грбот кон камерата и покажала голема тетоважа на ребрата!
Рита Ора од неодамна на една тајна церемонија се омажи за нејзиниот 15 години постар сопруг, режисерот Таики Ваитити, а набргу по венчавката „побегна“ од него со своите пријатели, со кои го „запали Бразил“ во предизвикувачки бикини.