Лекарите се надеваа дека лекот хлорокин, кој со децении се користи против маларијата ќе се искористи во борбата со коронавирусот. Но, преголема доза од тој лек предизвикува тешки срцеви болести. Во Бразил така починале 11 пациенти и тестирањето веднаш било стопирано -пренесува Б92.
Тие починале поради аритмија и оштетување на срцевиот мускул, што веројатно било предизвикано од поголеми дози на хлорокин во комбинација со антибиотици.
Во лабораториските истражувања во Франција и Кина – иако на мал број на испитаници – било утврдено дека хлорокинот може да спречи размножување на коронавирусот и да ја намали неговата концентрација во случај на тешки симптоми. Иако постоеле сомненија, а можните нуспојави не се доволно истражени, на многу места во светот започнале клинички истражувања за овој лек.
Истражувањето кое го финансирала државата го водел Маркус Ласерда од Тропскиот институт во Манау. Вкупно 81 пациент поделен во две групи. Првата група во текот на пет дена два пати добивала по 450 милиграми хлокорин, втората група во текот на десет дена два пати по 600 милиграми. Таа доза е над препораките на кинеските научници и Американскиот центар за контрола и превенција на болести.
Веќе по два или три дена бразилските лекари забележале тешки пореметувања во срцевиот ритам на пациентите кај кои била давана поголема доза. Шестиот ден од истражувањето умреле 11 лица и тестови се прекинати.
Уште минатата седмица интернистите во едно канадски стручно списание предупредиле на опасност од аритмија, посебно ако хлокорин се дава со антибиотик. Според тој текст, комбинацијата на лекови може да предизвика и хипогликемија, како и вознемиреност, збунетост и халуцинација. При посилни дози, тврдат интернистите, може да дојде до епилептични напади, како и престанување на работата на срцето.
Дел од проблемот со хлорокинот може да биде тоа што повеќето луѓе кои поради коронавирусот развиваат тешки симптоми се многу постари и поболни од пациентите со маларија. Очигледно во таа ризична група овој лек за маларија често има тешки последици по срцето.
Извор. Б92