Откако испил три вијагри, 57-годишен белграѓанин починал од срцев удар во својот автомобил за време на секс со својата три години постара партнерка .
-Мажот дошол со кола со својата швалерка, а со себе понел и вијагра. Одма испил една, но веднаш не делувала, па одлучил да испие уште две – вели извор за курир.рс.
Но, во моментот кога стапиле во сексуални односи на човекот му се слошило.
-Прекумерната доза предизвикала силен срцев удар, а несреќниот човек на место останал мртов. Жената успеела некако да го тргне од себе, и кога видела дека не дава знаци на живот повикала Итна помош. Докторите можеле да констатираат само смрт.
Веднаш пристигнале зетот и внуката на жената за да ја земат, но семејството на починатиот не сакало да слушне да дојде.
-Се работи за човек кој е разведен. Кога полицијата ги повика неговите деца. тие кога слушнале како умрел, не сакале да дојдат да ја земат колата и да го идентификуваат телото – вели изворот за курир.рс