Најскапа држава во Европа е Исланд. Цените на Исланд лани бил дури 56 отсто над европскиот просек. Втора е Швајцарија, а трета е Норвешка.
Како пример, во ресторан во Исланд пицата е 17 евра, чаша вино околу 10, а пиво седум евра. Шише вино во продавница е 17 евра, а пакет јајца пет евра.
Сепак, просечноа бруто плата во Исланд е околу 4.500 евра, а кирија за помал стан во центарот на Рејкјавик е 1.300 евра месечно.
Кога е во прашање регионот, Македонија е на 36 место, а под неа на листата на најскапи држави во Европа е само Турција. Од поранешните држави на екс Југославија, Словенија е 19-та, Црна Гора 30-та, Србија 31-ва, додека Босна и Херцеговина е 34 -та на листата на најскапи европски држави.