Палестинскиот исламски џихад синоќа објави видео од двајца израелски заложници што ги држи во Газа – Хана Кацир (77) и Јагли Јакоб (13) – велејќи дека е подготвен да ги ослободи „доколку се исполнат безбедносните услови“.
.Терористичката група објави дека е подготвена да ги ослободи жената и момчето од „хуманитарни причини“.
– Подготвени сме да ги ослободиме од хуманитарни причини кога ќе се постигнат безбедносни услови на теренот – изјави портпаролот на военото крило на Исламскиот џихад, познат под герилското име Абу Хамза.
Оваа организација во Појасот Газа ги здружи силите со Хамас во борбата против Израел.
Израелската војска го осуди објавувањето на видеото како „психолошки тероризам од најлош вид“.
Во видеото, и момчето и 77-годишната жена изразија желба да бидат ослободени што е можно поскоро за да се обединат со нивните семејства и го осудија начинот на кој премиерот Бенјамин Нетанјаху се справи со кризата.
Хамза понатаму наведува дека здравјето на 77-годишната жена е загрозено бидејќи повеќе не можат да се грижат за неа поради недостиг на струја и гориво.
Тие рекоа дека се подготвени да го ослободат момчето од хуманитарни причини и неговата возраст, иако, како што тврдат, окупационите затвори се преполни со палестински деца.
Јагил Џејкоб и Хана Кацир биле киднапирани од Кибуц Нир Оз.
Хамза потврди дека неговата вооружена група заедно со Хамас го нападнала Израел на 7 октомври, кога исламистичките командоси во еден ден убија 1.400 Израелци и киднапираа 240 заложници.
Меѓу киднапираните има и странски државјани и лица со двојно државјанство. Хамас призна дека држел околу 200 заложници.
Исламски џихад соопшти дека држи и други заложници, но не го прецизираше бројот.