Денеска е искршен таблата со името на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Информацијата ја потврдил портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Екипи на СВР Охрид во моментот вршат увид на местото на настанот и се работи на расветлување на случајот.
Инцидентот се случил нешто по 12:30 часот по локално време, неколку минути откако официјални претставници на ОБСЕ во Европа го посетиле клубот, објави агенцијата „БГНЕС“.
Клубот беше отворен минатиот петок, при што беа организиран протест пред објектот, со поддршка на опозициските Левица и ВМРО-ДПМНЕ.
Речисите сите македонски политичари, и од владејачката коалиција и од опозицијата, го осудија отворањето на клубот под овој назив и го оценија како провокација.
Летово беше оштетен и првиот бугарски клуб во земјава, „Иван Михајлов“, кој е отворен во Битола. Осуден за опожарувањето на влезната врата на клубот беше пејачот Ламбе Алабаковски.