Не стивнува пожарот на Велешко Езеро, кој пламна некаде околу пладне на површина од 500 хектари. Со два авиона од воздух во гаснењето на огнената стихија е вклучена и Дирекцијата за заштита и спасување, активирана е и подрачната единица на Општина Велес и останатите надлежни институции, како и Армијата со еден хеликоптер. Нив им помагаат и пожарникарите од Кавадарци, Штип и Свети Николе.
Неповратно е уништена 50-годишна шума со црн бор, кој изгоре во само три часа.
Четири лица се приведени во полициската станица во Велес со сомнеж дека го предизвикале пожарот. Приведените со брусалица работеле во близина на боровата шума, на крстосницата за Башино село и патот кон езеро Младост.
Инаки, поради пожарот сообраќајот од автопатот Скопје – Велес, од клучка Башино село до влез на градот Велес, се пренасочува по регионалниот пат езеро „Младост” кон Велес.
Фото: Фејсбук