Српските медиуми дојдоа до исказот на малиот Коста кој ја дал на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци. Психијатрите велат декеа досега досега немале можност да се сретнат со ваков случај, иако виделе се во кариерата.Тие морале да најдат начин да се зближат со детето но тоа се покажало како пеколна задача .
Во ниту еден моментне виделе ни трошка каење кај Коста, што ги шокирало:
” Покажа толкава бесчувствителност и недостаток на емпатија што беше едноставно неверојатноГи убив затоа што сакав да ја видам мајка ми како страда-рекло детето, пренесува „Република.рс“.
Психолозите истакнуваат дека голем проблем во семејствата е нездравиот однос меѓу мајките и децата, особено синовите, во одредени животни фази.
“За време на пубертетот, улогата на мајката почнува да слабее, а улогата на таткото станува се посилна. Една од најлошите последици се случува доколку мајките не ги задоволат потребите на своите деца на рана возраст. Тогаш децата стануваатемоционално ладни личности. Не се во состојба да постигнат емотивна блискост со другите луѓе, пријателите и партнерите, утрешните деца, доколку ги имаат.Доколку мајката не ги задоволи потребите на детето во првиот период, му испраќа порака дека тој и неговите потреби не се важни и дека не заслужува да биде, објаснуваат психолозите.