Паола, агентка на шпанската цивилна гарда, ги убила двете ќерки Ирис (9) и Лара (11), бидејќи побарале да ги поминат празниците со татко им, а потоа си го одзела животот.
Паола, агентка на шпанската цивилна гарда, ги убила двете ќерки Ирис (9) и Лара (11), бидејќи побарале да ги поминат празниците со татко им, а потоа си го одзела животот.
Паола и нејзиниот сопруг Сантијаго имале проблематичен брак, а се разделиле пред две години, но борбата за старателство неодамна повторно се разгорела. Имено, Паола привремено ги добила девојчињата и медиумите пишуваат дека планирала да се пресели во град оддалечен 600 километри од местото каде што порано живееле семејно.
Девојчињата сепак му кажале на татко им дека мајка им им велела да не му кажат дека ќе се селат. Кога таткото слушнал од девојчињата што планира Паола, ангажирал адвокат и побарал да се укине наредбата за старателство и побарал заедничко старателство.
Се верува дека Паола ги убила децата кога ја замолиле да го поминат Божиќ со нивниот татко, а потоа самата си пресудила. Нивните тела биле пронајдени во четвртокот во 7 часот. Телата ги пронашла колешката на Паола, која се загрижила што Паола не се појавила на работа.
Медиумите јавуваат дека девојчињата биле застрелани од непосредна близина, а Паола наводно користела службен пиштол.
Ел Мундо пишува дека едно од девојчињата пред неколку недели и рекло на баба си „мама е лута што сакаме да ги поминеме и Божиќ и Нова Година со тато“.