Ирина Шајк речиси гола на црвениот тепих со најтенкиот градник на светот и совршено тело (ФОТО)

by Тони Зографски

Дали навистина Ирина Шајк се осмели да дојде на Мет Гала речиси гола? Со најтенкиот градник на светот? Сите што поставија вакви и слични прашања забораваат на „naked“ трендот кој со месеци не се симнува од црвените килими, па зошто таква прилика не би искористила и една од најзгодните и најубави жени на денешницата?

Познатата манекенка веќе безброј пати покажала дека не се плаши од експериментирање (всушност, нема ни причина за страв), па можеме само да констатираме дека во оваа дводелна креација на Александар Ванг изгледала како некое божество од античкиот свет кое на момент се разбудило за со своите „магии“ да го заведе и овој современ свет.

Фигурата на заносната Русинка, која неодамна го прослави својот 40-ти роденден, и понатаму е беспрекорна. Секој мускул и облина сè уште се на своето место, а тоа го открил градникот со златни прерамки, украсен со дијаманти, со бројчаник во средината и два округли детали кои стратешки ги покривале брадавиците.

Надлактиците ги краселе скапоцени рачни часовници, а еден се наоѓал и околу вратот, веднаш над ѓерданот. Во „инсталацијата“ имало и синџир со широки алки кој се спуштал до папокот. Долниот дел бил значително поедноставен – тесно црно здолниште со низок струк и долг превез.

„Изгледот е замислен како нослива архива која се потпира на надреалистички принципи, ре-контекстуализирајќи функционални предмети како мода“, го пренесува „Vogue“ објаснувањето на куќата Александар Ванг. Уметност на костимот во полна смисла. И уметничка слобода.

останати вести