Раскинувањето на Бредли Купер и Ирина Шајк успеа сите да ги шокира , сепак, се чини дека овaa двојка е сè поблизу до помирување.
По четири години, актерот и манекенката решија официјално да раскинат и да останат во добри односи поради нивната ќерка Ли Де Сине (3). Со оглед на ситуацијата ширум светот, парот во последно време е се почесто заедно и се чини дека искри се раѓаат повторно. Анонимен извор тврди дека Бредли и Ирина се гледаат повторно.
-Тие повеќе не веруваат во родителство како порано – каде што само си го предава детето едни на други – па решија да се дружат тројцата повеќе. Тие сакаат Ли да ги гледа заедно. Во еден момент, чувствата повторно се појавија. Наводната врска на Ирина со експерт за уметност, воопшто не беше сериозна, бидејќи нејзинатт вистинска љубов отсекогаш била Бредли,- изјави извор близок до парот.
Шпекулациите за нивно помирување, кои овој извор сега ги потврди, започнаа пред неколку месеци.