Супермоделот Ирина Шајк го изнајмува својот прекрасен стан во Вест Вилиџ во Њујорк за импресивни 28 илјади евра месечно.
Шајк го купила овој прекрасен стан со две спални соби и три бањи во 2016 година, а во 2021 година сакала да го продаде.
Засега манекенката е подготвена да се задоволи само со изнајмување на станот, од чија кирија може многу да се заработи.
Прозорците во станот се протегаат од подот до плафонот, а истиот има и голема тераса.
Пространиот влез и дневната соба нудат место за забава, а кујната е врвна во секој поглед, вклучувајќи ги елементите во боја на орев, мермерните површини и уреди од луксузни светски брендови.
Спалната соба има гардеробер и мермерна бања со огромна стаклена туш-кабина, длабока када и дупли лавабоа.
Останатите бањи се еднакво восхитувачки опремени со плочки од ист камен, прекрасни ормари и отмени елементи.
Локацијата на оваа зграда е во Вест Вилиџ и нуди прекрасен пристап до паркот Хадсон Ривер.
Неверојатните пакет-содржини нудат пристап до паркинг, затворен базен, салон, студио за јога и џус-бар.