Фотографиите од руската „секс бомба“ манекенката Ирина Шајк од ревијата на ВС во Њујорк ги преплавија социјалните мрежи. Меѓу нејзините милионски фанови посебно се коментира и гледа, совршениот задник на Ирина во танга.
Ирина Шајк беше гостинка на неодамна одржаната ревија на „Викторија сикрет“. Таа гордо се прошета на модната писта во улога на модел, а сите присутни останаа без здив.
Фаталната руска манекенка за оваа пригода облекла атрактивно боди од црна тантела, а целото издание го комплетирала со мрежеста наметка со интересни детали во форма на ѕвезди.
Таа на Инстаграм објави фотографии од таа вечер, а благодарение на нејзиниот уметнички дух имавме можност да видиме што „се случувало зад сцената“.
Прелистувајќи ги нејзините фотографии јавноста виде како течеле подготовките за овој моден спектакл, а посебно внимание привлекоа две фотографии.
Имено, на фотките Ирина гордо ја покажа позадината пред објективот на камерата, што со воодушевување е прифатено од нејзините фанови.