Инстаграм ѕвездата Сахар Табар позната по тоа дека го смени личниот опис за да личи на Анџелина Џоли е уапсена. Таа била приведена на барање на судскиот Совет на Техеран, кој работи со „културолошки криминални дела и морална корупција“.
Сахар се соочува со обвиненија за богохулие, вклучувајќи насилство, заработка на пари на несоодветен начин и охрабрување на младите да се однесуваат коруптивно, информираше иранската агенција.
Табар се прослави на Инстаграм минатата година, откако објави серија на фотографии од нејзиниот лик на кои се забележува драстичната промена на изгледот со пластични операции. Поголемиот дел од фотографиите и видеата кои ги објавува за нејзините следачи се радикално изменети за таа да личи на холивудската ѕвезда Анџелина Џоли.
Инаку, Инстаграм е единствената социјална мрежа која е дозволена во Иран.