Од утрово во тек е полициска акција во три фирми, од кои две неодамна СДСМ ги споменуваше за наводен долг од 400.000 евра на ВМРО-ДПМНЕ за финансирањето на кампањата за последните претседателските избори, дознава Канал 5.
Според првични информации, инспектори има во фирмата Монт, која е дел од Орка Холдингот на Камчев, како и во фирмата Полиестердеј која била ангажирана од партијата да ги печати маиците за кампањата. Се проверува уште една фирма, Горфактори од Шпанија, за која се уште нема информации во каква конкеција е со првите две.
Извори од МВР ја потврдуваат информацијата, а повеќе детали најавуваат за текот на денот. Канал 5 ги проверува информациите и во обвинителството.